Читај » ЗАБАВА » За нив не постојат подобри: Овие три хороскопски знаци веруваат дека се најдобри

За нив не постојат подобри: Овие три хороскопски знаци веруваат дека се најдобри

Супер е кога се сакате самите себе, но не е во ред да претерувате со тоа. Од 12 знаци во хороскопот, три особено се издвојуваат како најсамобендисани нарциси.

Овен

Припадниците на овој знак обично себеси се сметаат за најпаметни, најпосебни и генерално подобри од останатите во се. Затоа и не се толку омилени во друштвото и обично имаат малку блиски пријатели, а нивната изразена нарцисоидност ги спречува во пронаоѓање на љубов.

Вага

Вагите се сметаат за едни од најповршните знаци на зодијакот. Лицата родени во овој знак обично сакаат убави работи и убави луѓе, а се трудат и тие самите да бидат најдобри. Уживаат во пофалби и комплименти од другите, бидејќи обожуваат да бидат во центарот на вниманието, а кога не се, ќе се потрудат да бидат. Во состојба се да се фалат и самите себеси и често ги преувеличуваат приказните за своите постигнувања.

Лав

Огнените Лавови се познати по својата егоцентричност која воглавно и воопшто не ја сокриваат. Тие многу јавно и многу искрено се восхитуваат самите на себе, бидејќи навистина веруваат дека се подобри од другите во се. Но, иако за себе сакаат да мислат дека се омилени во друштвото, вистината најчесто е сосема спротивна, бидејќи ретки се оние кои можат да се носат со нивното его.

Коментари

коментари