Овие хороскопски знаци ги често ги читаат пораките од своите бивши – патат за нив

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак.

Читањето на пораки од бившиот партнер понекогаш изгледа како повторно читање на вашата омилена книга. Многумина така наоѓаат утеха и евоцираат спомени за убавите денови што ги поминале во врската. Кај некои хороскопски знаци, навиката е толку изразена што постојано ги враќа назад во минатото, спречувајќи ги да откријат нова љубов.

Тешко е да се каже дали би било поумно да се бришат пораките и фотографиите на поранешниот партнер. Без разлика дали текстовите се отровни или полни со нежност, нема да помогне да се преболи прекинот.

„Кризниот период честопати е исполнет со тага, а читањето стари пораки нè спречува да ја прегазиме нашата поранешна љубов“, вели љубовниот терапевт Черлин Чонг за „Елит Дејли“.

Овие три хороскопски знаци се соочуваат со овој проблем.

Риби

Да им се каже да заборават на својот поранешен партнер е сосема бесмислено. Овој воден знак е склон на сонување. Ништо не може да му помогне да избега од реалноста, како читањето стари пораки. Сеќавањата ги разбудува спомените во период на прекин кога биле полни со доверба.Ќе направат се за да се сетат на нивната поранешна среќа, а бришењето на старите пораки е последната фаза од опоравка од прекинувањето.

Девица

Најчесто тие се лица кои стојат цврсто на земјата и се водат според принципите на логиката. Значи, големо изненадување е што тие се во група на знаци кои се носталгични. Овие се лица кои се строги со себе. Тие сакаат да откријат еден преломен момент кога работите се спуштија по удолнините. Тие се одлични перфекционисти и не сакаат да прават грешки. Тие го гледаат прекинот како неуспех и се обидуваат да ги пронајдат сите можни докази што ќе го намалат чувството на вина. Текстуалните пораки се пишана трага и личен доказ дека не се виновни за бродолом.

Рак

Тоа е носталгичен знак што бега во минатото почесто од Рибите. Наместо навистина да ја разгледа ситуацијата и да стори нешто за свое избавување, тие попрво би фантазирала за повторно да се сретнат со својот поранешен партнер и да поминат низ настаните од минатото. Дури и кога врската не е прекината од вината на Ракот, водениот знак заборава на незгодните моменти бидејќи мисли само на позитивни работи. Тоа е доблест што не помага во тежок период. Тие повеќе уживаат во заводливите зборови на поранешната љубов отколку да си признаат себеси дека прекинувањето е најдобрата опција.

Коментари

коментари