сабота, 28 ноември, 2020

Поради расизам го напушти теренот, попусти беа обидите на соиграчите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Порто победија на гостувањето кај Гимараеш (1-2), а дуелот го одбележа скандал на домашните навивачи кои навредуваа играч на Порто.

Дуелот ќе се памети затоа што 20 минути пред финишот Муса Марега реши да ја напушти играта како одговор на расистички навреди. Соиграчите се обидоа да го сопрат на сите можни начини, меѓутоа тој остана на својот став и не сакаше да продолжи.

Расизмот е голем проблем во Европа, а сличен проблем имаше во Италија кога мета беше Марио Балотели, како и во Англија.

Марега беше еден од стрелците на Порто и тој ја донесе победата, а претходно автогол си постигна Хесус. За Гимараеш единствен погоди Дуарте во 49. минута, за 1-1.

Извор: Гол.мк – Видеото погледнете го ТУКА.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!