Читај » СВЕТ » ВИДЕО: Каде отиде светот – човек гори, тие не помагаат, туку снимаат

ВИДЕО: Каде отиде светот – човек гори, тие не помагаат, туку снимаат

„Погледнав лево и десно и видов 20-на луѓе како со мобилните телефони снимаат и не прават ништо за да помогнат. Сè е оставено на мене, си помислив“, со тие зборови Џим Ангуло од Мајами го опишал драматичниот момент кога на пат до работа здогледал автомобил во пламен.

Велел: „Не можам, не можам, прежешко е, прежешко, не можам да излезам надвор“, се присетува на агонијата на несреќниот храбар возач, на кој заедно со уште еден маж му пришол на возилото, па така заедно му го спасиле животот.

Возачот за среќа го преживеал пожарот, но не поминал без последици.

„Ногата му беше изгорена, рацете исто така беа целосно изгорени, имаше пликови од изгореници по телото“, раскажал Ангуло за „WSVN“.

ВИДЕОТО погледнете го ОВДЕ.

Коментари

коментари