Славески: ВМРО-ДПМНЕ за четири години ќе ги зголеми платите за над 20 отсто

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески вечерва во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма изјави дека сосема реално е идната влада на ВМРО-ДПМНЕ да ги зголеми платите за над 20 отсто.

-Се работи за збирен раст, секоја година 5%, вкупно 4 годни. Ако наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може да го искористи целокупниот свој мандат, тоа би значело дека платите ќе порасната за над 20 до 25 %. И тоа не е воопшто нереално, сосема е реално, истакна Славевски.

Тој во своето гостување зборуваше за стапката на раст и ако во првите две години се оствари стапка на раст од 4 % и ако се додаде номинално зголемување од инфлацијата 5% е сосема достижно за разлика од некои таргети кои уште ВМРО-ДПМНЕ во почетокот кога беа најавени ги критикуваше.

Според него овде станува збор за просечната плата од 500 евра што не се реализира, минимална плата од16 000 денари што е далеку од реализација.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!