Ериксен ја соопшти вистината за преговорите со Јунајтед

– Новата ѕвезда на Интер, Кристијан Ериксен изјави дека се решил за нов предизвик во Италија, наместо да остане во Премиер лигата со тимот на Манчестер Јунајтед.

Ериксен го напушти Тотенхем по шест и пол години поминати во северен Лондон, а интерес за Данецот не недостасувал. Тој самиот рече дека една од можните дестинации за неговата кариера се „Олд Трафорд“ и Манчестер Јунајтед.

– Имавме преговори, но не беше премногу реално. Разговаравме со Јунајтед за да откриеме што е можно, а што не. Конечно, јас лично сакав нов предизвик, а останувањето во Премиер лигата ќе беше полесна одлука. Престојот во Тотенхем, се разбира, исто така, беше можно решение.

Но, за мене лично, најмногу се работеше за наоѓање нов предизвик во нова земја. Кога Интер ме контактираше, одлуката воопшто не беше тешка, посочи Ериксен.

Коментари

коментари