недела, 23 февруари, 2020
Читај » ЗАБАВА » Тешка сообраќајка кај ТЦ Зебра – судир меѓу две возила и автобус на ЈСП

Тешка сообраќајка кај ТЦ Зебра – судир меѓу две возила и автобус на ЈСП

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, во околу 10: 15 часот на улицата „Васил Ѓоргов“ кај трговскиот центар „Зебра“.

Несреќата настанала помеѓу две патнички возила и автобус на ЈСП.

Како што велат очевидци на несреќата за Пресс24, до несреќата дошло откако патничко возило од марката „шевролет авео“ при обид да изврши престигнување удрило во автомобил од марката „голф“, а потоа директно и во автобус на ЈСП.

Како што информираат очевидците, полиција се уште нема дојдено на местото на настанот, а возилата се пренасочуваат. Засега не е познато дали има повредени лица

Коментари

коментари