недела, 23 февруари, 2020
Читај » МАКЕДОНИЈА » Иницијатива за респект: Новиот спортски храм во Центар да го носи името Благоја Георгиевски Буштур

Иницијатива за респект: Новиот спортски храм во Центар да го носи името Благоја Георгиевски Буштур

Македонија нема многу луѓе и легенди како Благоја Георгиевски – Буштур, но поради трагичната несреќа го загубиме и него. Затоа, ви го пренесуваме во целост ФБ статусот на Владимир Темелковски:

Целиот ден погоден од прераната смрт на легендарниот Буштур, седејки во преполната сала денес на неговата комеморација, сала полна со спортски но и општествени великани и пред се негови пријатели и фанови си размислувам колку малку вакви херои имаме и колку многу ни значат и како да го продолжиме нивното дело и спомен.

Она што го заклучив како мој предлог и идеја ќе го доставам до советот на општина центар, а тоа е новиот спортски храм кој што е ветен и ќе почне да се гради да го носи името на човекот кој целиот живот го помина помагајки, сакајки и воздигнувајки го неговиот Работнички.

Сметам дека името на Благоја Георгиевски Буштур ќе им даде мотив, елан, љубов но и спортска сила на сите идни генерации кошаркари, а Буштур ќе биде вечно нивниот 6ти играч и потребната магија која одамна фали во стариот градски парк.

Вечна ти слава Чичко Буштур!!! Легендите живеат Вечно!!!!!

Коментари

коментари