Читај » СВЕТ » Медиумите известија дека сум бил со Коби, моите дома лошо ја примија таа вест

Медиумите известија дека сум бил со Коби, моите дома лошо ја примија таа вест

Во моментите кога Коби Брајант погина во хеликоптерска несреќа, на социјалните медиуми се рашири вест дека Рик Фокс, негов соиграч од деновите во ЛА Лејкерс, бил со него заедно на кобниот лет.

Веста брзо беше демантирана, арно ама Фокс откри низ што се морал да мине поради лажната вест која ја објавиле медиумите.

„Мислев дека ме бараат на телефон за да ми кажат за трагедијата на Коби. Не се јавував никому, затоа што зборував со моите деца. Потоа почна да ми ѕвони и најдобриот пријател, ама беше упорен.

Одговорив, а тој ми се обрати со зборовите „па, ти си жив!“. Веднаш по него ми се јавија мајка ми, сестра ми и многу други роднини. Семејството мислеше дека сум погинал. Беше тешко да им објаснувам на сите дека јас не сум бил таму“, соопшти Фокс.

Коби Брајант во хеликоптерот беше со уште седум патника и еден пилот, меѓу нив и неговата 13-годишна ќерка Џиана.

Коментари

коментари