недела, 23 февруари, 2020
Читај » МАКЕДОНИЈА » Лила: На Боки 13 му позајмив пола милион денари, бевме другари – веќе не сме

Лила: На Боки 13 му позајмив пола милион денари, бевме другари – веќе не сме

Лила Стојановска на почетокот на сведочењето на рочиштето за „Рекет“ изјави дека не е скарана со никој, меѓутоа дека веќе не е блиска пријателка со првообвинетиот Бојан Јовановски.

– Бојан го знам скоро 17 години. Прво бевме блиски пријатели, па бевме неколку скарни, па после пак се смиривме. Во 2018 година на Бојан му позајмив 500 илјади денари. Мене никој не ми дал позајмица од „БМЈ Медиа“, јас бев таа која даде позајмица, изјави Стојановска.

Таа додаде дека биле неколку пати на викенд на одмор.

– Дента кога Боки беше уапсен, планиравме да одиме во Миконос. Одморот беше планиран од Бојан. Тој кажа дека се е организирано, а веројатно се беше платено однапред, додаде таа.

Коментари

коментари