Читај » СВЕТ » Коби и Ванеса имале договор – никогаш да не летаат заедно со хеликоптерот

Коби и Ванеса имале договор – никогаш да не летаат заедно со хеликоптерот

Коби Брајант и неговата сопруга Ванеса имале меѓусебен договор никогаш да не летаат заедно со хеликоптерот, информираат нивни блиски пријатели за американските медиуми. НБА ѕвездата трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа заедно со уште осум други лица, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка Џана.

Коби и Ванеса беа во брак од 2001 година, но неговата сопруга претчувствувајќи инсистирала, поради еден вид заштита за иднината на децата доколку се случи некаква несреќа, никогаш да не патуваат заедно. Тој нивни договор траел долги години наназад. Токму од тие причини Ванеса кобното утро не патувала со хеликоптерот и покрај тоа што сакала да го следи натпреварот на својата ќерка.

Коби Брајант го користеше хеликоптерот како би ја избегнал огромната сообраќајна гужва во Лос Анѓелес.

„Знам дека патувајќи на натпреварите еден ден реков дека мора да најдам начин да го избегнам тој сообраќаен метеж. Па, така се одлучив за хеликоптерот“ – изјави неодамна Коби.

Според нивните најблиски, неговата сопруга Ванеса инсистирала и секогаш кога е можно да биде избегнато патувањето со хеликоптерот. А, тоа да остане како опција единствено во неизбежни случаи. Дали било неизбежно под крајно лоши временски услови да се патува неделата, никогаш нема да биде јасно.

Коментари

коментари