Читај » Без категорија » Пронајдено телото на вториот пилот од урнатиот хеликоптер

Пронајдено телото на вториот пилот од урнатиот хеликоптер

Во потрагата беа вклучени седум бродови и хеликоптер, а во вечерните часови и подморница на Хрватската воена морнарица, како и оперативните служби на Министерството за внатрешни работи.

До падот на хеликоптерот Kiowa ОХ-58 дојде за време на тренажен лет, кој почнал околу 10.30 часот. Хеликоптерот се урна половина час по полетувањето.

Во Зларинскиот канал, во Јадранско море, пронајдено е и телото на вториот пилот на воениот хеликоптер кој се урна вчера на хрватскиот остров.

Претходно, во текот на вчерашниот ден беше пронајдено едно тело, кого спасувачите околу пладне го извлекле од морето.

На прес-конференција беше посочено дека не е позната причината за падот на хеликоптерот.

Коментари

коментари