недела, 23 февруари, 2020
Читај » МАКЕДОНИЈА » Стефанова сведочи – откри дека Јанева и упатила закани со новинари

Стефанова сведочи – откри дека Јанева и упатила закани со новинари

„На никаква тема сум немала разговор со Бојан Јовановски“, рече обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за „Рекет“.

Катица Јанева ми се закануваше дека ќе ми прати новинари дома, ми забрануваше да коментирам објави на „Ла Верита“ и да давам изјави. Лично не го знам Бојан Јовановски. Знам од други дека често доаѓал во СЈО, дури не го ни претресувале.

– На никаква тема сум немала разговор со Бојан Јовановски – рече обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за „Рекет“.

Таа рече дека истрагата за предметот „Поштенска банка“ бил отворен врз еден експлицитен телефонски разговор.

– До февруари Катица Јанева ништо не се интртесираше за Јордан Камчев. Само се интетесираше само за Цветан Панделески. Знам дека судот му го одби барањето на Панделески за враќање на пасошот, а тој во април поднесе уште едно барање. Ми се јави Јанева, ми рече да дадам позитивно мислење и после дознав дека тој добил времена патна исправа – рече Стефанова.

Коментари

коментари