Вее снег низ одредени делови во Македонија – АМСМ со порака

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка, Маврово и на планинскиот премин Стража, но без забрани за сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

МСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коментари

коментари