среда, 30 септември, 2020

(ФОТО) Што последно напиша Коби на Твитер? Воедно објавени и првите слики од местото на несреќата

Неверојатен е податокот дека токму синоќа еден од неговите најголемите пријатели, Леброн Џејмс го помина на листата на поентери во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот. Последната порака на Коби за светот беше упатена токму кон Леброн.

Светот го шокираше информацијата за смртта на еден од најголемите кошаркари во историјата Коби Брајан. Тој загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

„Продолжи да ја менуваш играта Кралу Џејмс. Голема почит за тебе пријателе 33 644“, напиша Коби.

Американски „ТМЗ“ ексклузивно објави дека Коби Брајант, кошаркарската легенда на Лос Анџелес Лејкерс и САД, погинал во хеликоптерска несреќа, а веднаш по веста следеше и објава на фотографија од местото.

Причината за уривањето на хеликоптерот на Брајант во кој биле уште четворица патници не е позната, а шпекулациите велат дека се работи за проблеми со моторот. Сведоци во изјава за „ТМЗ“ велат дека чуле чудни звуци од моторот на хеликоптерот пред да падне.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!