недела, 23 февруари, 2020
Читај » СВЕТ » Веста за Брајант потврдена – во хеликоптерот не биле Ванеса и ќерките на Коби

Веста за Брајант потврдена – во хеликоптерот не биле Ванеса и ќерките на Коби

Информацијата која ја пренесе првично американскиот ТМЗ, сега е потврдена од сите светски медиумите. За жал, иако се надевавме дека сето тоа ќе биде само една лага, веста е потврдена – во хеликоптерска несреќа загина Коби Брајант.

При моментот на несреќата, во хеликоптерот имало уште четири лица, но според првичните информации, таму не била неговата сопруга Ванеса, ниту пак неговите четири ќерки.

Како што од претходно е познато, Коби често се превезувал со хеликоптер во Калифорнија, а тоа трае уште од моментите кога играше за ЛА Лејкерс.

Легендата во НБА освои буквално се што можеше да се освои. 18 пати беше дел од Ал-стар натпреварот, во неговата 20-годишна кариера. Беше избран за прв пик на драфтот 1996 година, освои 5 НБА титули, двапати беше МВП во финалната серија, а еднаш и МВП во лигата.

Коментари

коментари