недела, 23 февруари, 2020
Читај » СВЕТ » Американските медиуми се корегираа и пренесоа пострашна вест, во хеликоптерот била и една од ќерките на Коби

Американските медиуми се корегираа и пренесоа пострашна вест, во хеликоптерот била и една од ќерките на Коби

Медиумите во Америка првично пренесоа дека ќерките на Коби Брајант и неговата сопруга Ванеса не биле во хеликоптерот кој се урна пред неколку часови во Калифорнија.

Сепак, како што стасуваат посигурни информации на ЕСПН, со својот татко во хеликоптерската несреќа загинала и Џана Мариа-Оноре Брајант, 13-годишната ќерка на Коби и Ванеса.

Коби и Ванеса имаат уште три ќерки, најстарата Наталија Диаманте Брајант (17), Бјанка Бела Брајант (3) и малата Капри (7 месеци).

Како што од претходно е познато, Коби често се превезувал со хеликоптер во Калифорнија, а тоа трае уште од моментите кога играше за ЛА Лејкерс.

Легендата во НБА освои буквално се што можеше да се освои. 18 пати беше дел од Ал-стар натпреварот, во неговата 20-годишна кариера. Беше избран за прв пик на драфтот 1996 година, освои 5 НБА титули, двапати беше МВП во финалната серија, а еднаш и МВП во лигата.

Коментари

коментари