Една недела трае потрагата по Марија – има нови детали

Една недела трае неизвесноста за судбината на 28 годишната Марија Брзакова од Босилово. Од средата специјални полициски тимови со кучиња трагачи го пребаруваа Босилово и околината, но нема трага од младата жена. Од денеска во потрагата се вклучија и доборволци кои бараа дури до бугарската граница.

Масовна потрага по исчезнатата Марија Брзакова од Босилово. Ловното друштво од Босилово утринава организираше потрага со полицијата но и голем број доброволци од целата околина.

Настанот што го потресе струмичкиот крај ги натера ловџиите како добри познавачи на теренот да понудат помош и да учествуваат во акциите.

Потрагата трае со денови, а од средата полицијата вклучи и специјални тимови со кучиња трагачи.

Исчезнувањето на Марија е пријавено во понеделник попладне од сопругот. Последен пат излегла од дома три дена порано, во саботата наутро. Била облечена во тренерки и не понела ниту мобилен ниту лични документи. Марија е мајка на малолетно дете.

Коментари

коментари