недела, 23 февруари, 2020
Читај » СВЕТ » Расте бројот на жртви во Турција – и натаму има и мали земјотреси

Расте бројот на жртви во Турција – и натаму има и мали земјотреси

Билансот на жртви од силниот земјотрес што вечерва ја погоди Турција се искачи на 14, а повеќе од 300 се повредени, јавува „Ројтерс“ Земјотресот со магнитуда од 6,8 според Рихтер во 20:55 часот по локално време го погоди градот Елазиг на истокот од Турција, соопшти Управата за вонредни состојби и прородни непогоди.

Во градот има голем број на урнати станбени згради и објекти, а засега не се знае точниот број на лица заробени под урнатините. Граѓаните се на улиците.

Земјотресот бил почувствуван во околните градови, па дури и на делови на северот на Сирија и Ирак.

Силниот земјотрес што ја погоди Турција, предизвика општа паника во повеќе турски градови, притоа принудувајќи жителите да ги напуштат своите домови и да излезат на улица.

Коментари

коментари