недела, 23 февруари, 2020
Читај » СВЕТ » Драматично е во Турција, луѓето се надвор, температурите се -10 степени

Драматично е во Турција, луѓето се надвор, температурите се -10 степени

Во Елазиг, градот кој беше најпогоден од земјотресот од 6,8 степени според Рихтер, вечерва е многу студено, а во моментов температурите се -7 степени. Се очекува да се спуштат и до -10, а тоа ја отежнува потрагата по преживеани под урнатините.

Многумина ги загубија домовите, и веќе бараат засолниште, а исто така има и такви кои од страв сакаат ноќта да ја минат на отворено. Но, едноставно времето не го дозволува тоа.

„Ги молиме луѓето да одат во своите домови, а оние кои ги загубија од земјотресот, кој може да ги прими во затворени простории, или да се пријават за наоѓање на соодветно решение“, апелираат од спасувачките служби.

Катастрофален земјотрес ја погоди Турција, најмалку 14 луѓе загинаа, а стотици се повредени.

Епицентарот на земјотресот, кој исто така предизвика материјална штета, е регистриран на длабочина од 10 километри во провинцијата Елазиг, на околу 550 километри источно од главниот град Анкара, соопшти Европскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Коментари

коментари