понеделник, 19 април, 2021
Foto

Ја нема балканската ароганција: Се преселил во Исланд па се фали: Во банка ми правеа кафе, а кога ја земав првата плата се изненадив

Горан Алексиќ на својот Фејсбук профил објави интересна приказна за новиот почеток на својот пријател на Исланд.

Пријателот вели дека бил изненаден кога ја земал првата плата бидејќи не требало да плаќа придонеси, туку му е исплатен целосниот бруто износ.

„Здраво Горане, еве да ви се јавим од Исланд. Да, отидов на Исланд да работам. Мислам дека нема смисла да останам во Хрватска да работам. Не сакам моите деца да живеат во таква држава. Со тек на времето и тие ќе дојдат овде. Овде се цени работата, се плаќа работата, сите се среќни, насмеани, фини.

Овде нема шанси работодавачот да те измами. Секој граѓанин добива идентификациски број, а секој работодавач е должен да има дигитален часовник, каде што работниците запишуваат кога дошле и кога си заминале од работа.

Платата е секој 1ви во месецот, за сите. Ако 1ви е за викендот, тогаш платата ја даваат ден пред тоа. Пред некој ден отидов во банка да сменам евра. Прво, во банка ве пречекува човек кој ви дава број за услигата за која чекате. И потоа чекате, со пиење кафе и читање вести. Иако во банка има гужва сите се насмеани, па ќе погледнем околу мене и се прашувам да не сум влегол во кафуле.

Со 20 години стаж првпат се чуствувам како способен и дека работата ми се цени и се чуствувам како да живеам тука со години, а не недела дена.

Извор: Пинџур

Коментари

коментари

error: Content is protected !!