недела, 23 февруари, 2020
Читај » СВЕТ » (ФОТО) Тажна приказна – Бебе кенгур прави се, да ја оживее својата мајка

(ФОТО) Тажна приказна – Бебе кенгур прави се, да ја оживее својата мајка

На социјалните мрежи во овој период се појавуваат различни видеа и снимки за и околу пожарите во Австралија, каде настрадаа и многу невини животни.

Една од сцените и фотографиите кои сега се врти на интернет е моментот кога мал кенгур се обидува да ја оживее својата мајка, правејќи секакви можни потези.

Не сме сигурни дали фотографијата е направена во моментите кога во Австралија има огромни пожари, но според моментите, веројатно станува збор за слика од таму.

Дури и да имате камено срце, сето ова не може да ве остави рамнодушни и ќе ве натера за момент да заплачете. Тажно, навистина тажно.

Пожарите се и економска катастрофа за Австралија

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината.

Австралискиот совет за извоз на туризам со седиште во Сиднеј (АТЕК) спроведе истражување за посетите од странство. Истражувањето покажа дека целокупната состојба во врска со резервациите значително се влошила во однос на истиот период минатата година, со потенцијална штета на секторот од 4,5 милијарди австралиски долари.

Главниот извршен директор на АТЕЦ, Питер Шели вели дека најмалку 70% од вкупно 850 членови на здружението забележале значителен број откажани пристигнувања на странски гости во Австралија.

„Вредноста на откажаните патувања се движи од пет илјади до 500 илјади австралиски долари, а најголеб број на патувањата се откажани од граѓани на САД, Велика Британија и европските држави“, додаде Шели.

Туристичкиот сектор во Австралија „тежи“ вкупно 130 милијарди австралиски доалри,од кои околу 45 милијарди се резултат на странските гости.Туристичкиот сектор сочинува околу шест проценти од економијата на Австралија. Тој е четврти најголем извозен сектор во Австралија, по железната руда, јагленот и природниот гас. Во 2018/2019 година неговиот придонес во австралиската економија беше 39,1 милијарди американски долари.

Коментари

коментари