среда, 26 февруари, 2020
Читај » СВЕТ » Ти требаат 500.000 денари, добро ќе ти дадам – но имам еден услов

Ти требаат 500.000 денари, добро ќе ти дадам – но имам еден услов

За да види дали ќе биде посреќен, милијардерот Јусаку Маезава сака да подели 9 милиони долари на дури 1.000 луѓе кои не ги ни познава.

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезева подарува повеќе од 9 милиони долари, а се што треба да направите е да ја споделите неговата објава за оваа великодушна понуда на Твитер

Тој ќе ги избере победниците и секој од избраните ќе добие околу 9.000 американски долари или околу 500.000 денари.

Маезава својата наградна игра ја нарекол “сериозен социјален експеримент“ за да види како таа сума на пари ќе влијае врз животот на едно од избраните лица.

Инаку, победниците ќе можат да ги користат парите онака како што посакуваат, а се што треба да направат е да пополнат образец со прашања за тоа како ќе ги потрошат парите.

Натпреварот траеше до 7 јануари, а милијардерот вети деќа ќе стапи во контакт лично со секој од победниците.

Тој имаше слична акција за подарување на парични средства и на почетокот од минатата година.

Коментари

коментари