среда, 26 февруари, 2020
Читај » МАКЕДОНИЈА » Една работа не треба да се прави на денешниот празник – Св Јован

Една работа не треба да се прави на денешниот празник – Св Јован

Православните христијани на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован. Се верува дека на овој ден Св Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.

Нашите претци на тој ден изведувале разни ритуали. Со тоа тие се обидувале да дознаат што ги чека во иднина и го молеле светецот да им помогне во остварувањето на желбите.

На Свети Јован верниците не се веселат, а по можност и во раце не треба да се зема нож, во знак на сеќавање на Јован. Не се јаде и не се пие ништо што е црвено.

Србите и Македонците на овој ден постат. На своите деца никако не им даваат ништо што има црвена боја. Не им даваат јаболко, домат, праска, ниту црвено грозје.

Кај народот постои обичај луѓето да се збратимуваат на Свети Јован. Јован се смета за пример за карактер и чесност. Верниците често им го даваат името Јован на своите деца. Се слави славата Св. Јован, но исто така се слави и именден. Се смета дека Св Јован е трета по ред слава која се празнува меѓу семејствата, веднаш по Св. Никола и Архангел Михаил.

Извор

Коментари

коментари