среда, 26 февруари, 2020
Читај » МАКЕДОНИЈА » Во Валандово рекорд – крстот трипати се фрлаше, попот им рече: Багра народ, срам да ви е (ВИДЕО)

Во Валандово рекорд – крстот трипати се фрлаше, попот им рече: Багра народ, срам да ви е (ВИДЕО)

Нема крај на глупостите кај некои луѓе, во врска со празникот Водоци, кога сите треба да уживаат и да ја одбележат традицијата. Наместо тоа, се прават потези кои ја оцрнуваат оваа манифестација.

Во Валандово попот толку се изнервира, што започна со погрдни зборови да зборува на микрофон, со цел лсе да биде според правилата и прописите.

Таму најпрво крстот го фатил човек кој воопшто не бил пријавен, а потоа во фрлањето повторно учествувале луѓе кои не се пријавиле. На третото фрлање крстот го фатил Костадин Георгиев.

-Културата си ја покажувате на овој начин. Срам сте, срам. Багра народ. Култура имате вие? Спрема црквата, спрема крстот? Ништо немате вие. Срам да ви е,- им рече попот.

Слична, ако не и поголема драма имаше и во Штип, каде двајца верници си упатија закакани за тоа кој прв дошол и го фатил крстот. И двајцата веруваа дека тие се први и не сакаа да попуштат на другиот.

Драма имаше и во Пробиштип каде по 40 минути барање на крстот во Аква паркот, попот се одлучи да фрли нов дрвен крст, со цел да може да има среќник кој ќе го фати крстот.

ВИДЕОТО од Валандово погледнете го ОВДЕ.

Коментари

коментари