Фото

Апасиев: Кога ќе испијам кафе со некого, после незгодно ми е да го шамарам, затоа не одам на кафиња со амбасадори

Во емисијата „што не е јасно“ на телевизија Алфа Димитар Апасиев на новинарско прашање колку тој и Левица е интересен за странскиот фактор односно за претставниците на меѓународната заедница, тој одговори.

-Ние сме резервирани за тие средби. Нема да именувам кои амбасадори се јавиле бидејќи јас од принцип личен сум воспитан човек и кога ќе испијам едно кафе, после тоа незгодно ми е да го шамарам, ако е за шамарање. Затоа од тој аспект, си создавам заштитен круг и не одам на такви кафе средби иако некои амбасадори се јавиле за пиење кафе.

На прашањето дали препознава албански коалционен партнер на Левица, тој вели дека бидејќи тие се националистички партии.

Не може они да имаат три држави, а ние ниту една. После законот за јазици ќе следуваат барања за федерализации и кантонизации. Соживот е можен меѓу левичари. Такви биле партизаните, вели Апасиев.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!