среда, 26 февруари, 2020
Читај » СВЕТ » Мајка го попарила тригодишното дете со врела вода – бидејќи се измочало на подот

Мајка го попарила тригодишното дете со врела вода – бидејќи се измочало на подот

Патриша Бухан од Њу Џерси, мајка на четири деца, признала дека намерно попарила тригодишно дете со жешка вода бидејќи се измочало на подот.

Бухан признала во судот дека му наредила на детето да ја соблече облеката и да влезе во када, по што го потурила со зовриена вода од тенџере и му нанела изгореници од втор степен, јавува „Њујорк пост“.

Детето не било нејзино. Мајката на момчето, Наташа Смит, живеела со Бухан и уште тројца возрасни во станот, и сите се обвинети за напад и загрозување на благосостојба на детето.

Коментари

коментари