среда, 26 февруари, 2020
Читај » СВЕТ » (ФОТО) На Инстаграм ја нарекуваат најгрда девојка на светот: Им врати со јасна порака

(ФОТО) На Инстаграм ја нарекуваат најгрда девојка на светот: Им врати со јасна порака

Во денешено време секој има свој Инстаграм профил, па така и 27-годишната Илка Брул, која за брзо време станала мета на напади од различни луѓе од светот.

Чести коментари имало како таа била најгрда девојка на светот. Но, и покрај се, Илка не дозволила тоа да ја потресе и повреди, напротив покажала една фантастична особина.

Ја раскажала својата приказна, со што охрабрува и многу други луѓе да го направат истото, кога се мета на навреди од одредена група на луѓе.

„Мојата мисија е да го потсетам светот дека сите сме убави“, вели Илка во една објава на Инстаграм, објаснувајќи дека имала тежок живот уште од раѓањето.

„Родена сум со расцеп на усните и непцето а носните шуплини не се добро формирани. Покрај тоа, ја немав вистинската страна на солзниот канал, па солзите ми одеа по лицето – немаше како да ги спречам“, вели оваа млада жена.

Тешкото и ретко нарушување со кое се родила, значело дека ќе има серија комплицирани операции. Ги поминала сите, а некои допрва ја чекаат. Таа вели дека после секоја од нив излегува со поголема моќ и самодоверба.

Нејзината приказна на Инстаграм започнала случајно, пред две години кога нејзините пријатели направиле неколку нејзини слики.

„Овие беа професионални фотографии и сакав да ги споделам со светот. Тогаш сфатив дека навистина сакав да го покажам лицето и која сум навистина“, вели Илка.

Мисијата на Илка на Инстаграм, вели таа, е да ги мотивира другите да излезат од нивните школки и да се покажат пред луѓето.

Коментари

коментари