среда, 26 февруари, 2020
Читај » МАКЕДОНИЈА » Груевски откри непознати детали на Фејсбук: Давеж како овој човек нема

Груевски откри непознати детали на Фејсбук: Давеж како овој човек нема

Деновиве во интервју за една телевизија Нано Ружин беседел дека новите правила за процесот за проширувања Макрон ги смислил “заради такви како мене” , односно да не му се појавеле како што вели Нано, “диктаторчиња како Груевски”.

Нано Ружин паметам дека своевремено молеше да остане мој соработник што подолго и тогаш говореше спротивно од ова. Тој си знае кога лажеше, тогаш или сега.

Како и да е, со оваа изјава Нано има повеќе цели, од кои примарна во моментот е да му се додвори на неговиот актуелен газда Фијат Цановски во време кога овој “елоквентен” бизнисмен јавно се конфронтора со мене со изјави и статуси, крајно разочаран што му се одложило планираното “пљачкосување” на државниот и народен буџет преку судскиоте органи, за околу 40 милиони евра, преку криминална шема на “поделба на пленот” со сите актери кои треба да помогнат во оваа валкана операција на грбот на народот.

Познавајки го Нано, намерно велам “неговиот газда” а не газдата на универзитет каде Нано е ректор, кој додека постоеше А1 телевизија на јавноста и се презентираше за најдобар универзитет во Македонија, но кога за прв пат дојдоа евалуаторите од универзотетот во Шанг Хај (најпознат во светот по рангирања универзитети на светско ниво), со цел да направат домашно рангирање на универзитетите, истиот го рангираа многу далеку од најдобрите. Тогаш се шегувавме дека тие од Шанг Хај најверојатно не следат А1 телевизија и сигурно се запознале со газдата на универзитетот.

Па така, повторното појавување во јавност и нападите кон мене од страна на Нано, ме присетија на годините кога ми беше непријатно да седам покрај Нано и да ги слушам неговите непрекинати, хиперболизирани, лицемерни и додворувачки поетични пофалби како за мене, така и за владата која ја предводев, “лигавења” кои единствено можат да се мерат со истите од тогашниот амбасадор Никола Димитров.

Тие сеанси на Нано скоро секогаш на крајот завршуваа со некоја „длабока“ причина заради која ние требаше да се согласиме тој да се “жртвува за Македонија и за нејзината реформска влада” барем уште една година како амбасадор на Република Македонија во НАТО, во Брисел.

Упикувач и вовлекувач од редок вид. Срам – нула. Интегритет-никаков. Образ-ѓон. Драмски лик. Може во секој миг да влета во некоја политичко-сатирична пиеса на Нушиќ или Гогољ и одлично се вклопи во улога на дворски поданик или некој од оние користољубиви опкужувачи на некој кој има одредена моќ, и при тоа просто да не приметиш дека е уфрлен во пиесата.

Нема многу такви трагични и истовремено комични ликови на македонската политичка сцена каков што е Нано Ружин, една „дилајла“ од редок калибар.

Патолошки зависен од функција, особено амбасадорска, но не би одбил никаква, каква и да му се понуди. Одлучен и „родено дете“ да продаде за да е на функција и секогаш спремен “сериозно” да ја објасни оправданоста на таа постапка. Моралните вредности кога треба да добие или продолжи функција за него имаат тежина и важност како мало парче тоалетна хартија.

Се сеќавам дека во 2002 година кога тогашното водство на ВМРО-ДПМНЕ му понуди да стане амбасадор во НАТО (нешто за што тој претходно неформално по разни канали молел и лобирал), Нано без око да му трепне си ја напушти партијата СДСМ чии пратеник претходно беше, и “ја грабна функцијата со две раце”, па оттрча како амбасадор на НАТО во Брисел.

Од СДСМ веднаш го исклучија од партијата, а овој “патолошки фотељаш” се правдаше дека партијата(СДСМ) не му била доволно демократска и дека небиле за НАТО, а дека тој бил.

Нормално, претходно тоа никогаш го немаше кажано се додека додека не доби понуда за амбасадор од ВМРО.
Штом ја доби функцијата во 2002 година беше спремен се да каже и направи. Одеднаш стана сојузник, истомисленик и подржувач, на оние кои претходно ги презираше и јавно напаѓаше. Заборави и на партија и на идеологија, и на пратеничка функција, и на Бранко, и на Радмила, и на образ, и на се. Таков “безрбетник” и ситен интересџија ретко се среќава.

Паметам како тогашните политички челници во ВМРО-ДПМНЕ си правеа мајтап на негова сметка, од типот каков кариерист и муватор е типов, и што се им зборел против СДСМ чии актуелен пратеник беше во тоа време, кога намирисал функција понудена од конкурентската партија која до вчера јавно ја плукаше.

Во ВМРО, оние кои во тоа време, во 2002 година во партијата решаваа за кадровски политички решенија, некако им одговараше сето тоа, бидејки веруваа дека прават расцеп во опозицијата. Всушност само им помогнаа да исчистат еден лик со карактерни особини на стаорец, од многуте кои ги имаа и ги имаат и денес, чија водилка е само личниот интерес, функцијата и парите.

Кога јас станав премиер паметам како на сите можни начини молеше и се “гребеше” да му продолжиме уште некоја година објаснувајки колку многу баш тогаш е важно да остане таму за да се заврши работата со НАТО бидејки имал многу јаки позиции внатре во алијансата и многу го ценеле.

Врбуваше луѓе таму за да го фалат пред нас дека имаме одличен, нај-нај најдобар амбасадор, ни раскажуваше на долго и широко како се бори за Македонија и особено за тогаш новата влада, дека многу се бори да не прифатат во НАТО под уставното име, и кај да е може ќе ја биде, колку грците се за никаде, ама како тој редовно ги надмудрува, колку нашата влада паметно се поставува,…. филмови, филмови…… Се што мислеше дека сакаме да чуеме.

Незнам што ги лажеше за да не го разрешат и вратат од амбасадор Бранко, Хари и Бучко кога дојдоа на власт во 2002рата, сигурно ги воздигнувал до небески височини, ама знам дека потоа мене ми говореше се најлошо за нив, дека го уништиле СДСМ, дека е среќен што го исклучиле, дека ја уништиле и државата, дека и во НАТО се најлошо зборат за нив…итн

Се сеќавам дека главна фора му беше да ме начека во кола кога ќе стигнев во Брисел на аеродром, и наместо да каже нешто за средбата на која одам, тој прво силно се фалеше колку се бори за новата влада која ја предводев, како воодушевено раскажува за нашите реформи (раскажувсјки цели дијалози и реплики од разговорите кои ги имал), колку се бори за да добиеме покана за членство во НАТО, колку многу таму го ценат и почитуваат, за потоа по скоро саат монолог да замоли ако може да му продолжиме уште некоја година, оти сите ги знаел таму, многу го почитувале, многу бил влијателен и ќе издејствувал, да ги притиснат грците и да добиеме покана за НАТО. Сум сретнал и по некој друг амбасадор-давеж, ама давеж и вовлекувач од калиброт на Нано мислам не се заборава.

За него се збореше дека го користи дипломатскиот статус да купува и брзо да продава коли и гуми за коли со користење на дипломатските можности за неплаќање данок, за да заработи на разликата на неплатен данок, нешто што веќе го беа регистрирале и домашните власти и неформално беа укажале, кои колку што се сеќавам од раскажувањата на неговите надредени, дадоа дознание дека ако така продолжи може да реагираат. Тој го негираше тоа, а ние заглавени во секојдневната работа и проблеми не се продлабочивме во “инвентивниот”начин за правење профит со брукање на државата од таа амбасадорската функција.

Нашиот главен проблем беше што брзо одкако влеговме во владата, се претрупавме со работа и проекти, па не доволно внимание обрнувавме на некои ситни измамници улизувачки типови кои само ги интересираа личната придобивка и кои се подготвени на се, само да ја остварат личната цел.

Една од “легендарните епизоди” со Нано е кога во Букурешт траеше самитот неформално проструи информација дека Македонија не добила покана, Нано ни кажа дека ќе оди кај некој негов многу близок, добро информиран и влијателен пријател од дипломатите или од водството во НАТО да ја провери информацијата.

По 15тина минути го гледаме доаѓа безмалку со трчање. Вели: обратно е, донеле одлука да не поканат!!! Пријателот ми кажа. Сигурна информација!!! Ние сите во делегацијата му поверувавме и за кратко се израдувавме.

Тогаш почнавме да гледаме дека имаме амбасадор кој е тежок “шарлатан” и кој цело време лажно се преставува пред нас и глуми добро информиран меѓу луѓе со искрен пристап кои наивно му веруваа.

Вака-така не само што си продолжи да биде амбасадор 2-3 години по завршување на мандатот, туку и жена му некако стана в.д. амбасадор во Мадрид, исто така ако добро паметам 2-3 години, во исто време додека тој беше во Нато во Брисел. Така што брачниот пар Ружин со задоволство во тандем работеа за владата предводена од мене, која денес Нано ја плука со најпогрдни зборови.

Како што сега ме напаѓа мене, така кога бев премиер ги напаѓаше челниците на СДСМ.

Затоа велам, вакви траги-комични ликови се редок вид. Тоа е лик кој може да биде школски пример за тоа какви луѓе и какви карактери пред се, не треба да бидат во политиката и дипломатијата и добро е што веќе не е. Затоа сега си нашол нови муштерии во приватниот бизнис, како Фијат што му е сега.

Кога се врати во Македонија, веднаш се вклучи во ЛДП, нормално, за да добие нешто. И тие се налепија на неговите уверливи лаги и за кусо време го одбраа за нивни кандидат за претседател на Македонија.

Тој веднаш се трансформираше за 180 степени и почна силно да не напаѓа речиси како денес.

Арно ама, кога дојде време за собирање на законски потребните 10 илјади потписи како услов за да биде кандидиран, тој заедно со цела партија ЛДП не успеа да соберат ни 2 илјади потписи за “умниот” кандидат.

И тогаш се сети на старите ,,пријатели,,. Не му пречеше што во меѓувреме не нарече диктатори, режим, антинато ориентирани, криминалци, насилници, авторитарна власт, диктаторска итн. Тропна на вратата на ВМРО-ДПМНЕ: „ве молам соберете ми потписи. Јас и онака ќе земам сдсмовски гласови а не ваши“.

Кога еден мој соработник тогаш ми го пренесе неговото барање, го прашав: “добро, не му е срам на човекот? Ѓон образ…”

Веднаш потоа се сетив дека кога станува збор за личен интерес, Нано е опериран од срам, и дека навистина вмровците никогаш не би гласале за една ваква “дилајла” и трагикомичен лик…. За се понатаму и за многу други детали, во некоја друга прилика.

Коментари

коментари