недела, 23 февруари, 2020
Читај » ЗАБАВА » Вистински пример за останатите – девојче за секоја хемотерапија се облекува како една од принцезите на Дизни

Вистински пример за останатите – девојче за секоја хемотерапија се облекува како една од принцезите на Дизни

Многумина облекувањето го земаат здраво за готово, но за некои, изборот на одредена облека може да направи да се чувствуваат подобро. Одличен пример за ова е Лили Дуранте.

Петгодишно девојче боледува од глиома на оптичкиот пат, бавен растечки тумор на мозокот кој влијае на оптичките нерви, пренесува BoredPanda.

Пред околу една година, Лили се разбудила и повеќе не гледала како порано. Неа и бил дијагностициран страбизам, попознат како разрокост, аномалија на положбата на очите, при што и двете очи не биле насочени кон истата точка. Едното око гледа директно, додека другото око бега.

Потоа, лекарите откриле дека тој има глиом на оптичкиот пат, кој доколку не се лекува, може да доведе до губење на видот, а тие на девојчето и препишале хемотерапија.

Малечката Лили го издржува сето тоа како вистинска хероина и за секој хемотерапија се облекува како принцеза на Дизни. Така, веќе беа Бела, Ариел и Пепелашка, а вработените во болницата почнале да ја нарекуваат „Ваше височество“.

Со оглед на та дека на 18. ноември се одбележа Денот на националната принцеза, мајката на Лила, Кортни Дуранте, на Фејсбук објавила фотографии од нејзиното одење на хемотерапија.

Коментари

коментари