недела, 23 февруари, 2020
Читај » ЗАБАВА » ФОТО: Тешко би погодиле – дали е цртан или реален лик слатката хаска

ФОТО: Тешко би погодиле – дали е цртан или реален лик слатката хаска

Долго време ќе гледате, ќе размислувате и повторно нема да бидете 100% сигурно. Дали оваа хаска е реална или пак нејзиниот лик е само добар цртеж.

Фотографиите кои беа објавени на Фејсбук од преубавата хаска кренаа лавина од коментари. Но, крајниот исход вели – преубавата хаска е реална и се вика Џубили.

Реакцијата на Џубили според многумина делува како лик од цртан филм, по што имаше и низа од коментари кои бараат истата да ја вдомат и за неа би се грижеле максимално добро.

„Се викам Џубили. Јас сум 4-годишна женска хаска која долго време е овде. Потекнувам од одгледувач кој не можеше да ме продаде бидејќи ми рече дека изгледам чудно.

-Ги сакам другите кучиња, но не сакам мачки. Ги сакам луѓето, но малку сум срамежлива бидејќи воглавно ми се смеат поради изгледот. Хаските се величенствени кучиња и не знам зошто не како сите други. Посакувам да сум убава за некој да посака да ме земе како негово милениче“, стои во објавата на Фејсбук.

Набрзо потоа настанува бура од коментари на Фејсбук, при што сите сакаат да ја вдомат оваа четиригодишна убавица. Џубили се наоѓа во здружението за кучиња „Husky House“ во Њу Џерси, па од таму се пресреќни што ќе успеат да ја вдомат оваа хаска.

Коментари

коментари