Читај » МАКЕДОНИЈА » Екс-сопругот на Северина на зимување со судијката која и го одзема старателствотo на пејачката

Екс-сопругот на Северина на зимување со судијката која и го одзема старателствотo на пејачката

На балканската јавност долг период и беше интересно да ги коментира случувањата околу пејачката Северина и нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ, во врска со старателството на нивниот син Александар.

Откако медиумите во Хрватска ја пренесоа оваа информација, судијата брзо се обиде да демантира, со тоа што даде изјава, во која малкумина поверуваа.

-Случајно се сретнавме во хотелот на вечерта. Јас бев со семејството, а тој со детето и друго поголемо друштво. Се поздравивме 4-5 пати, бидејќи бевме во ист хотел и ресторан, па често се среќававме“, истакна судијката.

Сепак, во Хрватска многу не веруваат во случајности. Не им е јасно како од толку ски-центри во Австрија, судијата и Милан се погодиле во ист, па уште во ист временски период.

Дали Северина сега ќе побара ново судење во врска со старателството, останува да видиме.

Коментари

коментари