Читај » МАКЕДОНИЈА » Две сообраќајки на различни места, затворен е автопатот – има и верижен судар со повредени

Две сообраќајки на различни места, затворен е автопатот – има и верижен судар со повредени

Две страотни сообраќајки во краток период се случија на територијата на Македонија. Едната е на автопатот кон Штип кај наплатната рампа Миладиновци, а другата е на патот Скопје – Велес.

Една жена е потешко повредена додека петмина други полесно во сообраќајната несреќа што се случи утрово на автопатот Велес – Скопје.

Според информации на Телма жената е префрлена во скопскиот Ургентен центар, но за сега се прават испитувања на сериозноста на повредите со кои што се здобила. Останатите петмина се префрлени во велешката болница.

Од велешката полиција информират дека несреќата се случила помеѓу пет возина а најверојатна причина е лизгавиот коловоз во утринските часови. Додека траел увидот било повикано и дополнително возило на брза помош.

Сообраќајната несреќа се случила кај местото Кула а автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај, информираат од АМСМ.

Автопатот кон Штип кај наплатната рампа Миладиновци е затворен за сообраќај, информираат од АМСМ.

Прекинот на сообраќајот е поради вршење увид на сообраќајна незгода.

Засега не се знае колку возила се судриле, како се судриле и дали има повредени.

Коментари

коментари