Читај » МАКЕДОНИЈА » “Ангелс кафе“ откри неверојатен податок, но и упати предзвик до сите други локали

“Ангелс кафе“ откри неверојатен податок, но и упати предзвик до сите други локали

После пауза од подолг период, „Ангелс кафе“ во ново руво се отвори како опција за сите штипјани, но и многу други посетители од цела Македонија.

Она во што можеби се едни од ретките, ако не и единствени, е фактот кој пред малку го споделија на својата Фејсбук страна. Тие открија колку артикли се послужени и колку промет бил направен, во периодот од Католичкиот до нажиот Божиќ.

-Дали сте знаеле дека од Католичкиот до нашиот Божиќ во Ангелс кафе се послужени 24,670 артикли, и направен е промет од 2,369,500 денари.

А дали сте знаеле дека за сето тоа е издадена фискална сметка?

Во нормалните држави тоа не е вест, но во Македонија влегува во рубриката: Дали сте знаеле… 😊🤓 Сега веќе знаете!

Оваа вест на својот профил ја сподели и сопственикот Роберт Димитров – Роби, кој ги предизвика другите на ваков потег.

Коментари

коментари