среда, 26 февруари, 2020
Читај » СВЕТ » Засекогаш замина еден од „Пријателите“

Засекогаш замина еден од „Пријателите“

Стен беше најпознат по улогата на Ричи Рајан во серијата „Highlander“, а љубителите на серијата „Пријатели“ го паметат по љубовната врска со Моника.

Стен во серијата ја толкуваше улогата на Итан, средношколец кој се претставуваше како студент за да ја заведе постарата “мачка“ Моника.

Стен Кирш почина на 50-годишна возраст, соопштиле од неговото студио,а целиот Холивуд се прости од актерот кој го гледавме во „Highlander“ и „Пријатели“.

„Се случи трагедија на 11-ти јануари и го изгубивме Стен. Студиото ќе биде затворено одредено време додека процесуираме што се случило и жалиме по него. Ви благодарам на разбирањето и почитта на нашата приватност во текот на овој неверојатно тежок период“ – соопштиле од студиото.

Коментари

коментари