Добиваш плус четири денови одмор, ако не пушиш на работа

„Никого не десикриминирам“, рече тој и додаде дека нема ништо против паузите за пушење, нити работниците ги тера да престанат со таа навика .

Вработените во Агенција за вработување во англискиот град Свиндон добиле четири дополнителни дена за годишен одмор под услов да не пушат на работа.

Агенцијата „KCJ Training & Employment Solutions“ од Свиндон сака да ги награди работниците кои не пушат, место да ги казни пушачите.

Генералниот директор Дон Брајден ја вовел оваа мерка, иако и самиот е пушач.

– Ја донесоа и ја прифатија и пушачите и непушачите во компанијата – рече тој.

– Меѓутоа, ајде да кажеме дека секој од нив прави по три паузи за пушење дневно. Тоа е еквивалент на 16 работни дена и два часа годишно доколку работниот ден трае осум часа – ја појасни Брајден својата идеја.

Извор: Плусинфо

Коментари

коментари