недела, 23 февруари, 2020
Читај » СЛАЈДЕР » (ФОТО) Борко Ристовски уште пред натпреварот знаеше колку одбрани ќе има?

(ФОТО) Борко Ристовски уште пред натпреварот знаеше колку одбрани ќе има?

Македонската ракометна репрезентација беше поразена во вториот натпревар од групната фаза на ЕВРО 2020, посилна од нашите ракометари беше селекцијата на Чешка со 27:25.

На социјалните мрежи „врие“ после поразот, а причината за поразот се бара и кај голманите, кои вкупно имаа четири обрани. Натпреварот го почна Борко Ристовски, кој бранеше цело прво и дел од второто полувреме, севкупно остварувајќи само 3 одбрани.

Митревски доби шанса во вториот дел, но делуваше како надвор од колосек, по одличниот настап против Украина кога имаше фантастични 15 одбрани, денес забележа само една.

При интонирањето на химната на Македонија, Борко Ристовски ја држеше десната рака на срцето, притоа покажувајќи симбол во форма на круг и три прсти, што означува „Обединета Македонија“.

Еден од коментарите кој е доста „лајкуван“ гласи: „Борко пред натпреварот знаеше колку одбрани ќе има (3) и тоа го покажа пред камерите додека се пееше химната“.

Момците не треба да запрат овде, дуелот со Австрија ќе одлучува за пласман во следната фаза.

ФОТО: СПОРТМ

Коментари

коментари