Читај » ЗАБАВА » Практикант на НАСА на 17 години открил планета, јас на 17 години (ФОТО)

Практикант на НАСА на 17 години открил планета, јас на 17 години (ФОТО)

Во ова време-невреме секогаш твитовите се нешто што поминува одлично кон луѓето. Знаат да насмеат и да донесат позитива и во некој крајно лош момент. Ги издвојуваме најинтересните на денот.

-17 годишен практикант во НАСА во своите први 3 дена од праксата открил нова планета. Јас на 17 години открив дека не треба да мешаш бадел со црвено вино.

Да поминеш низ тешка депресија и никој да не те примети.
Успех или трагедија?

Искача на протест за неидентификуван загадувач и трујач… пцуе колне фрла анатеми, а коа пуши у кафана и му викаш лепи ТИ ТРУЕШ други луѓе, ти вика искочи надвор ако ти смета… со Македонче нема разбирачка, како му одговара на газето, така е.

А маж па кога ќе тури во ЦВ дека е татко на две деца покрај кариерата, ти да не ги раѓаше случајно?

Мажот ѝ вика на жената: – Жал ми е веќе да те гледам, цел ден работиш и се мачиш… Ај, затвори ја вратата од кујната!

Коментари

коментари