четврток, 1 октомври, 2020

Оспина му подари победа на Лацио, Ибрахимовиќ херој на Милан

Фудбалерите на Лацио излегоа како победници од вечерашната пресметка со Наполи во италијанската Серија А.

Домашниот тим издвојува триумф од 1-0 со што за нив беше десетти во низа во најсилната лигашка конкуренција со што поставија нов клупски рекорд. Долго време на „Олимпико“ во Рим резултатот беше 0-0 и тоа се до 82 минута кога Имобиле ја искористи грешката на голманот Оспина кој непотребно сакаше да дрибла, ама ја изгуби топката која потоа напаѓачот ја смести во мрежата со помош на Ди Лоренцо кој исто лошо реагираше на гол линијата.

За лацијалите ова беше 13 победа со која се на третото место на табелата зад водечките Јувентус и Интер.

Кога е во прашање Наполи тој е дури десетти со само 24 освоени бодови. Инаки нашиот Елиф Елмас на вечерашниот меч влезе во самата завршница и тоа во 88 минута на местото на Калјехон.

Милан ја прокнижи првата победа во Серија А по враќањето на Златан Ибрахимовиќ, откако ова попладне беше далеку подобар на натпреварот кој се одигра во Сардинија, совладувајќи го домашниот Калјари со 0:2.

Тимот кој беше најпријатно изненадување во Калчо лигата полека почнува да се враќа во реалноста, бидејќи за Калјари ова беше четврти пораз во низа во италијанската елита.

Од друга страна пак, Милан стави крај на низата од три меча без триумф, а голем инспиратор секако беше популарниот Ибра кој ова попладне за првпат доби шанса во стартната постава.

Тоа експресно направи разлика на теренот, односно особено во пристапот на играчите на Милан, а иако Милан не ја искористи иницијативата во првото полувреме, на стартот на второто ја осигура победата.

Леао погоди за 0:1 по луцидното додавање од Кастилјехо, а потоа својот прв гол по враќањето во Милан го постигна Златан Ибрахимовиќ по додавање на Тео Ернандез.

До крајот, Ибра постигна уште еден гол, но истиот му беше поништен поради офсајд ситуација. Милан со оваа победа го прескона наполи на табелата и стигна до осмото место, а пред да се одиграат останатите натпревари, заостанува 10 бода од четвртопласираната Рома.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!