среда, 26 февруари, 2020
Читај » СЛАЈДЕР » ФОТО: Ракометарите нема за што да се грижат, во публиката и „Паметниот лажго“

ФОТО: Ракометарите нема за што да се грижат, во публиката и „Паметниот лажго“

Македонија го започна првиот натпревар од ЕВРО 2020 против Украина, каде сме апсолутни фаворити и победата воопшто не би требало да биде донесена под знак прашалник.

Меѓу „Фалангата“ во Австрија пристигна и популарниот „Итар Пејо“, кој уште е познат и како мудар лажливец, а често е присутен на трибините за поддршка на Македонија.

Атмосферата во салата е прекрасна, полна со македонски навивачи кои се ветар во грб на нашите репрезентативци, од кои се очекува убедлива победа.

Ако нешто не иде, без галје. Тука ни е Итар Пејо.

ФОТО: Гол.мк

Коментари

коментари