среда, 26 февруари, 2020
Читај » СЛАЈДЕР » Ливерпул ги освои наградите за месец декември

Ливерпул ги освои наградите за месец декември

Секој месец традиционално во Премиерлигата се бираат најдобриот тренер и фудбалер, а за декември двете награди му припаднаа на европскиот шампион Ливерпул.

Во текот на последниот месец од минатата година Тренет Александер-Арнолд запиша четири асистенции на осум натпревари, а против Лестер во дербито на 26 декември постигна гол за победа од 4-0.

Исто така, тренерот Јирген Клоп беше избран за најдобар за минатиот месец бидејќи го предводи Ливерпул на најдобар можен начин, па се наоѓа на добар пат да го освои и трофејот во Премиерлигата.

Коментари

коментари