недела, 20 септември, 2020

Заминал на зимување со девојката, а кога останал сам во собата останал во неверување поради само една причина

Даги Хамилтон од Ирска на својот Фејсбук профил објавил фотографија поради која корисниците на интернет останале вчудоневидени. Имено, Даги со својата девојка изнајмиле соба во Торонто, каде што биле на одмор, а кога останал сам, се присетил да направи нешто. Веќе долго време кружат приказни за сопствениците на станови кои поставуваат микрофони и камери во становите кои ги изнајмуваат. Повеќето не веруваат во тие приказни и ги опишуваат како мит, но во овој случај тоа се покажало како вистина.

„Лежев на каучот и гледав во дигиталниот часовник. Погледот ми беше вперен во спалната соба (која немаше врата). Се сетив на виралното видео во врска со шпиунирањето и низ глава ми помина мислата: Замисли во овој часовник да се наоѓа камера“. Си реков „Не биди глупав, дали навистина сакаш да бидеш тој тип кој мисли дека го шпиунираат?“. „Секако дека сакаш“ си одговорив.

Потоа го извлекол полначот од телефонот и видео батеријата од литиум. Погледнал на предната страна на часовникот и навистина нашол камера. Ја поставил сликата од оваа случка на својот профил и веднаш станала вирална, а луѓето сега во паника велат дека отсега детално ќе ги проверуваат становите кои ги изнајмуваат.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!