среда, 22 септември, 2021

ФОТО: Нема поголеми цареви од пензионерите во ЈСП

На социјалните мрежи се врти фотографија од еден стар човек кој не можејќи да се справи со недостигот на бонтон кај помладите скопјани, проблемот го решил на поинаков начин.

Човекот, бидејќи е во години, имал проблем да најде место за седење па си земал столче од дома.Си седнал блиску до вратата за полесно да мине до дестинацијата кога ќе слезе.Но, повеќе од очигледно е дека не сакал да им пречи на другите.

Имено, човекот, чиј идентитет засега е непознат, повеќе не сакал да се мачи и да стои со оглед на тоа дека помладите не му отстапувале столче за седење туку го игнорирале, па се снашол.

Очигледно недостигот на култура кај младите во Скопје е на високо ниво. А, стариот човек „им одржал“ лекција од снаодливост!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!