вторник, 18 јануари, 2022

Се омажила со самата себе: Може да имате бајка и без принц на бел коњ

Италијанската Лаура Меси е вистинска интернет сензација, откако организирала целосна церемонија и свадбена веселба за 70 гости, пред кои се омажила за самата себе.

„Длабоко верувам дека секој од нас, во прв ред, мора да биде заљубен во себе и да се сака самиот себе. Можете да имате своја бајака, а притоа да немате потреба од принц. Мислам дека токму тоа и го докажав“, истакна 40-годишнта инструкторка по фитнес.

Секако целата церемонија и венчавката немаат законска тежина, но Меси вели дека и е мило што станала дел од нешто што допрва ќе станува светски тренд. Таа и многумина како неа тврдат дека во иднина се повеќе вакви венчвки ќе се случуваат.

Лаура оваа идеја ја добила пред две години, кога излегла од врска долга 12 години.

„Тогаш им реков на пријателите дека доколку не ја пронајдам сродната душа до 40 години, ќе се омажам со самата себе. Ако еден ден го пронајдам мажот со кој ќе бидам среќна, ќе ми биде мило. Но, и вака сакам да покажам дека некоја среќа не треба да зависи од принцот на бел коњ“, завршува Лаура.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!