Две различни зими – зима како дете и зима како недете

Еден од највлијателните и активни фигури на социјалните мрежи, Божидар Божиновски преку Фејсбук статус ја доловува зимата на два различни начини. Едната е зима ко дете, другата зима ко недете.

Зима ко дете:

СНЕГГГГГ!!!! СНЕШКО! ТЕПАЊЕ СО СНЕГ! КАЈ Е САНКАТА, ОТИ НЕ СТЕ ВОЗБУДЕНИ ДЕКА НАДВОР ИМА СНЕГ? Излегваш 12 сати на снегот три пати си на границата меѓу живот и смрт од премрзнување ама ти е гајле. Битно напрај Снешко и изеде три кила бел и кило жолт снег шо не бил од лимон

Од средината на декември до февруари си ко питбул со беснило на амфетамини ради шеќерните табли во пакетчињата

Се прашуваш шо ќе ти донесе Дедо Мраз и како ќе му стигне писмото кога твоите го запалиле. Сепак некако му стигнало и добиваш гајба празни шишиња за пиво и упаљач од Комуналец! Фала Дедо Мраз цар си!

Те будат на полноќ за Нова Година да го видиш огнометот на плоштадот со црево со сијалички е напишана годината која иди и локалниот алкохоличар кој знае да црта на картон го нацртал Дедо Мраз WOW. Ко реклама за Кока Кола!!! Преубо! Маглааааа! Можи ќе го сретнам Ѓорѓи Колозов ко Господ, секогаш излегваше во приказните во магла

Зима ко недете:

Снег а? Па пичка му матер шо кур бара во декември? Македонија пат ќе се разбуди во јуни, побрзо дома можеш да составиш кола отколку да најдеш такси, а сигурно и комшијата шо праеше снег од лимон има мочано пред зграда и е замрзнато е… Тибам и снег и сѐ, ќе го земам јамчето и ќе се пукнам в гла

Вистински си на амфетамини да издржиш четири работни места и 27 кредити и три картички и еден извршител. Фала Дедо Мраз сам ќе ја испразнам гајбата дебел. Огномет има скоро секој ден. По автоматизам се будиш им честиташ на твоите Нова Година и си легнуваш. По честитките сега треба да е 2054-та

Елка седум метри, Дедо Мраз, ирваси, Баба Мразици служат пиво, шеталиште со ѕвезди, на плоштад песни од Синатра* Па добро бе оваа градоначалничката има интернет да види Лондон како е украсен? Ко во Кандахар да живеам, Господе шо ти згрешив…

354 ПМ10 ќе го сретнам Колозов за брзо сигурно

Коментари

коментари

error: Content is protected !!