Читај » МАКЕДОНИЈА » Изгоре куќа заштитена со закон во Велес – настрада и нејзиниот сопственик

Изгоре куќа заштитена со закон во Велес – настрада и нејзиниот сопственик

Изгоре куќа во стариот дел на Велес, во месноста Варналиите, загина нејзиниот сопственик. Пожарот е локализиран и се работи на целосна ликвидација на жариштата, информираат од Противпожарната бригада во Велес.

Пожарникарите во текот на ноќта се обидуваа да го локализираат огнот, но поради непристапниот терен и густо населената улица, борбата со огнот се одвиваше тешко.

Околу полноќ се урна покривот на куќата, а постоеше опасност целиот објект да падне. Огнот го зафати и покривот на соседната куќа, а во опасност беа и останатите куќи, кои се залепени една до друга. Околу 2 часот по полноќ, огнот беше локализиран.

Фото: 24 вести

Коментари

коментари