Читај » МАКЕДОНИЈА » Сојузот на дијабетичари со барање: Да се уништат сите инсулински пенкала од паралелен увоз

Сојузот на дијабетичари со барање: Да се уништат сите инсулински пенкала од паралелен увоз

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија го поздрави денешното уништување на заостанатите количини на инсулин што се чувале во Бирото за стокови резерви, а биле набавувани со Законот за паралелен увоз што беше реализирано со одлука на Владата и Министерството за здравство.

„Треба да се продолжи до уништување на последното инсулинско пенкало што е со сомнителен квалитет од времето на паралелниот увоз“, апелираат од Сојузот.

Од таму изразуваат задоволство и благодарност до Министерството за здравство што лицата со дијабетес во нашата држава (123.850), конечно, може да бидат сигурни во квалитетот на инсулините што се набавуваат со соодветна гаранција за квалитетот.

На уништувањето на преостанатите количини на инсулин од времето на паралелниот увоз реагираа од ВМРО. Од опозициската партија забележуваат дека пола тон од вкупно 1,2 тона инсулински пенкала сè уште бил со валиден рок на употреба.

„Се работи за уништување на инсулин чиј рок истекува за пола година и чија вредност е 1,5 милиони евра“, кажа Марија Андоновска.

На забелешките од опозициската партија, со одговор се јавија од Министерството за здравство (МЗ). Според нив, уништениот инсулин бил со вредност од 330.000 евра, а не 1,5 милиони како што нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

коментари