недела, 15 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Исмајлоска за Мицкоски: Пратениците кои ги редеше покрај ѕид, сега ги тера да потпишат за „Северна“

Исмајлоска за Мицкоски: Пратениците кои ги редеше покрај ѕид, сега ги тера да потпишат за „Северна“

Во разговор за Нова ТВ, пратеничката Нола Исмајлоска Старова зборува за актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Нола Исмајлоска Старова од Независната пратеничка група изразува зачуденост од најавата на Христијан Мицкоски да им наложи на пратениците на ВМРО ДПМНЕ да потпишат и поднесат иницијатива за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија со одложено дејство што за неа и нејзините колеги од „осумката“ е „доказ за лицемерие на лидерот на најголемата опозициска партија“.

„Тој и наложи на пратеничката група да стои покрај ѕидот, сега на истата пратеничка група и наложува за Северна Македонија за протоколот за НАТО“, вели Исмајоска за Нова ТВ.

Потегот на Мицкоски, Исмајлоска Старова го толкува и како порака до пратениците што ќе ратификуваат протокол за членство во НАТО со географската одредница „Северна“, нема да бидат на листа на предвремените парламентарни избори што се закажани на 12 април.

Независната пратеничка група денеска одржа и прес-конференција по повод најавата на Мицкоски по која беше лиферувано и соопштение до медиумите. Во нејзино име се обрати координаторката, Емилија Александрова која рече дека лицемерието на лидерот на ВМРО ДПМНЕ го достигнува зенитот и по ваквото негово обезличување побара да се повлече од функцијата.

„Христијан Мицкоски, кој неколку пати го негира и потценува Јенс Столтенберг, Генералниот Секретар на НАТО, дека промената на името е неопходна, сега ќе наложи на пратениците да потпишат иницијатива за Северна Македонија да отпочне ратификација за членство во НАТО. Истите пратеници на кои пред само неколку дена им кажа дека не ги планира на идните пратенички листи. Лицемерието на Христијан Мицкоски го достигнува зенитот. Пред ниту една важна одлука нема јасен став, а сега сака, искористувајќи други луѓе, да креира слика дека НАТО му е многу важно. НАТО ќе беше невозможно без нашата лична одговорност и храброст да ги почитуваме постулатите за ЕУ и НАТО, но притоа соочувајќи се со терор поттикнат од лажни приказни што тој ги креира. Нашиот живот е загрозен поради манипулацијата на Христијан Мицкоски со дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ. Но, овие денови кога македонското знаме се вее во Лондон човекот се обидува да фати чекор“, се вели во соопштението на независната пратеничка група.

Целиот текст прочитајте го на Нова ТВ – ТУКА.

Коментари

коментари