недела, 15 декември, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Васоски: Нема да летаме во облаци, на ред е Шкендија

Васоски: Нема да летаме во облаци, на ред е Шкендија

Пред стартот на сезоната ретко кој, или никој, не го споменуваше Вардар како сериозен кандидат за да биде прв по првата полуетапа. И не само што тој Вардар е прв, туку тоа го направи така убедливо што мора да им се честита на играчите и тренерот Александар Васоски, кој веднаш по мечот со А. Пандев за СПОРТМЕДИА изјави:

„Секако дека сме среќни, радосни и задоволни. Ова е голем за сите нас во Вардар. Ова се едни од најубавите моменти за мене во мојот спортски живот.

=Посебно сум горд што работам со овие момци, кои се со екстра квалитет и и како фудбалери, но и како личности. Успеавме да направиме тим, во кои сите поединечни квалитети се ставени во улога на Вардар и само на Вардар.

-Но не сме ја завршиле есенската полусезона, едвај чекаме да дојде недела и мечот со Шкендија. Со победа да го украсиме крајот што се вели.

-Потоа следува анализа, сакам сите овие играчи да останат, а ако ни се укине суспензијата за трансфери, да се донесат најмногу 2-3 играчи со кои би јуришале напролет и на шампионската титула па така ја заокружиме сезоната со нова круна“ посочи стратегот на Вардар.

Коментари

коментари