Читај » ЗАБАВА » Фискалните сметки содржат опасна хемикалија – ова не правете го со нив никако

Фискалните сметки содржат опасна хемикалија – ова не правете го со нив никако

Експертите од Универзиетот во Гренада во Шпанија предупредуваат дека големиот број фискални сметки и други потврди кои ги добиваме од трговицте во себе содржат опасна хемикалија која пречи во производство на хормоните во телото и се поврзува со многу болести.

Сметките и другите потврди на кои има слоеви со букви и бројки со текот на времето избледуваат, а отштампани се на терминална хартија која често содржи БПА (Бисфенол А), хемикалија која се поврзува со неплодност, аутизам, гојазност, дијкабетис, прерано започнување на пубертет и слично.

БПА се додава во таква хартија за она што ќе се напише да потемне без маситло.

-Треба да се избегнува ставање на таквите потврди во чанта, паричник или автомобил. Тиње може лесно да дојдат во допир со храна, а тоа треба да се избегнува. Лесно е да се препознае таква хартија по тоа што со текот на времето од неа исчезнува се што е напишано. Многу често ќе најдете на неа бел прав кој се лепи за прстите после некое време откако ќе ја извадите од торба – вели професорот Никола Олеа од Универзитетот во Гренада кој водел меѓународен тим експерти во анализа на 112 сметки штампани на терминална хартија во Бразил, Шпанија и Франција.

Повеќе од 90 отсто потврди од Бразил и Шпанија во себе содржеле БПА, а половина од Франција, пренесува Дејли Меил.

Експертите велат дека БПА се употребува и во широк распон на потрошувачки производи, не само на сметки во продавниците.

Коментари

коментари